сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 54 ново

Грција: Компанија-ќерка на „Сааб“ вмешана во корупциски скандал

Поранешен раководител на сектор во Министерството за одбрана на Грција призна дека десетина години примал поткуп со цел грчката држава да купува оружје од одредени претпријатија.

Меѓу посочените препријатија е и шведската компанија „Ериксон Микровејв“, која преку еден агент платила 240.000 евра за да го добие тендерот за набавка на радарски системи „Артур“. Оваа компанија подоцна беше купена од страна на „Сааб“.

Шведското Парламентарно одделение за борба против корупцијата денеска соопшти дека евентуално обвинение за поткуп против шведското претпријатије во врска со грчки корупциски скандал ќе го смета за прејудицирање, но во исто време најави дека ќе го следи развојот на настаните околу овој случај.

– Во 90-тите години (на минатиот век) беше водена истрага околу финансиски трансакции на „Ериксон“. Не би можел да кажам дали тоа има некаква врска со спомнатите нови податоци – изјави шведскиот обвинител Гунар Стетлер за Шведското радио.

Шведската компанија „Сааб“ од своја страна не сака да ги коментира податоците за корупцискиот скандал во Грција, со оглед на тоа дека споменатите случаи на поткуп датираат од периодот пред „Сааб“ да го преземе „Ериксон Микровејв“.

Поранешниот раководите во грчкото Министерство за одбрана признал дека добил милиони евра за да издејствува договори со разни земји, меѓу другото, и за испорака на руски ракети, подморници и тенкови, како и американски воени авиони.

Шведски медиуми јавија дека публицитетот околу овој мегакорупциски скандал во Грција е енормен, бидејќи првпат се случува некој отворено да говори за трансфери на пари од поткуп во рамки на грчкиот политички систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top