петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Вевчани протестира поради патокази на албански јазик

Vevcani tabla

Во текот на вчерашниот ден, општина Вевчани испратила реакција до Агенцијата за државни патишта поради поставените патоказни табли на патниот правец Струга-Дебар, на кои освен на македонски и англиски, името на ова населено место е напишано и на албански јазик, објавува „А1он“.

Како што пренесува овој медиум, во писменото предупредување испратено од општина Вевчани стои дека доколку не бидат отстранети или корегирани постоечките патоказни табли, заедно со инспекциските служби ќе бидат преземени акции за отстранување на истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top