понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 79 ново

Кралското семејство кое 150 години ја убива Македонија (целосен текст од неделникот Република)

Поради големата читаност на веста-најава за оваа тема, објавена на република.мк, а и во контекст на дебатите за Балканските војни, овојпат го објавуваме целиот текст оригинално објавен во неделникот Република на 7 јуни 2013 година

saksoburgoski-buckovski

Владо Бучковски беше единствениот премиер кој го посети крал

Локација: Софија. Период: 12-14 јули 1935 година. Настан: Рели трка меѓу југословенските „Соколи“ (меѓу нив и Македонци) и бугарските „Јунаци“. Страсна трка меѓу младите автомобилџии и другарство…започнуваат да се редат песни за заедништвото меѓу нив, песни за балканска федерација, за „сиктер“ на лондонските банкари и круните на кобурзите…

Но, се појавува некој „ко овде није наш“, како што велат Србите.
На последниот ден од релито, од никаде се појавуваат сомнителни типови со ромбоидни глави, облечени во бело. Се нарекуваат бугарски „супремацисти“. Вооружени со дрвени палки и синџирите тие дивјачки влетуваат во софиските кафани каде младите балканци се веселат и – тепаат. Се по ред. Бугарските весници, диригирано известуваат за тепачки меѓу „Соколите“ и „Јунаците“ за меѓунационална омраза, за протерување на „циганосрбите“ од Бугарија. Меѓутоа во Софија има и други новинари кои знаат за што се работи и прецизно известуваат.

Царски бандитизам

Горниот вовед на овој текст е парафразиран од книгата „Бугарскиот заговор“ на британскиот новинар Џозеф Свајр, дописник на Ројтерс во тоа време. Оваа книга до ден-денес е забранета во Бугарија. Свајр пишува за искомплкесираноста на бугарското општество со теориите на заговор, но овде ние го преземаме овој настан како извонредна илсутрација на не-делата на европското кралско семејство и трагедијата што му ја приредија (и приредуваат) на македонскиот народ – а и на другите народи. Но, претходно да го видиме заклучокот на Свајр.

bugarski grb

Грбот на бугарското кралско семејство

Бугарските „супремацисти“ беа всушност најтешки криминлаци, кои тој ден привремено беа ослободен од софискиот затвор и вооружени со ладно оружје од полицијата за да ги претепаат младите. И тоа директно по наредба на бугарскиот цар Борис. Имено, тој е оној кој не не „наш“.
„Зад најголемиот бугарски национализам и шовизам стои кралската династија на Кобурзите (кое немаат никаква допирна точка со Бугарите, туку се Германци), на чело со цар Борис. Кобурзите се плашеа од федерацијата на јужните словени“, пишува Свајр.
А, за Македонија и ВМРО пишува:
„ВМРО кое беше основано во 1893 година за да се избори за автономија во Отоманската империја, насилно се спротиставуваше на намерите на Бугарија да ја анектира Македонија, но таа организација сепак падна под влијанието на Врховистите во Софија. Во 1924 година, повеќето Македонци во Бугарија, беа имигранти од грчка Македонија. Тие од Бугарија бараа разбирање со Југословените во борбата против Грците. Лидерите на ВМРО се обидуваат да ја зајакнат својата независност, но беа масакрирани од терористите предводени од Ванчо Михајлов, кој пак беше во служба на италофилскиот бугарски министер за војна, Волков. Овие терористи, маскирани како лидери на ВМРО за да ја залажат јавноста, со насилство се обидуваат да го спречат помирувањето меѓу Бугарија и Југославија“, заклучува новинарот Свајр.

Кои се европските/балкански кралеви

 

Најјасна слика за тоа кој всушност владеел со Европа, а со тоа и на Балканот (балканските кралеви се всушност деца на европските), основно е да се погледне една династија која се наоѓа во секое родословно дрво на секој Европски монарх. Така е и денеска, иако само 9 европски држави имаат кралски династии. Ќе погледнеме дека на стариот конитенет и не може да се има трон или власт ако не сте поврзани (крвно) со нив. Ако некој народ нема свој преставник кај нив, тој исто како да не постоел (токму како ние Македонците).
Во оваа анализа нема да се занимаваме со т.н. теоретичари на заговор, за приказните за Комитетот на 300 на британската кралица, Илуминатите, Масоните, Редот малтешките витези или луѓето гуштери, туку ќе се држиме за цврсто утврдени факти, а заклучоците сами ќе си произлезат. Не станува забор за откривање топла вода и непознати информации, туку за проблематика која, од за нас сосема неразбирливи причини, воопшто не е разработена кај нас, па оттука е слабата информираност за неа.

 

 

saks-koburg gota grb

Ова најмоќниот грб во Европа: Сакс-Кобург-Гота

Значи, името на оваа злогласна фамилија, меѓу другото и главниот виновник за Првата светска војна (поради што и беше наречена и Империјалистичка војна) е династијата позната како Куќа на Сакс-Кобург и Гота. Ова е главната, основна кралска фамилија во Европа. Директно, во нејзините гранки спаѓаат: белгиското и бугарското кралско семејство, како и онаа која сите ја сметаат за најмоќна – Куќата на Виндзор или британското кралско семејство. Сите останати куќи, како Глуксбург, Оденбург и Хабсбург се исто така индиректно дел од оваа куќа. Меѓу нив некогаш беа и Романови, руската царска фамилија која беше ликвидирана по Октомвриската револуција.
Сакс-Кобург Гота е основана во 1826 година од Ернест Први, кнез на едно мало кнежество во северозападниот дел на денешна Германија. Владеел до 1844 година. Неговиот помлад брат, Леополд станува крал на Белгијците во 1831, а неговите потомци ден денес владеат со Белгија и имаат клучна улога во зачувувањето на инаку етнички подлената земја. Единствената ќерка на Леополд, Катерина станува жена на Максимилијан кралот на Мексико во 1860 година. Внукот на Ернест Први, Фердинанд се жени со кралицата Марија Втора од Португалија, а неговите потомци владеат со оваа земја се до 1910 година. Најстариот син на Ернест Први, Принц Алберт се жени со англиската кралица Викторија во 1840 година. Овој Алберт се смета за најзначаен член на оваа куќа бидејќи во позадина тој управува со Британската империја (неговата сопруга се води по неговите совети), кога во Велика Британија се случува индустриската револуција. Империјата тогаш се шири низ целиот свет и станува доминатна сила во светот. Овој период во британската историја е познат како златно (викторијанско) доба. Кралицата Викторија, пак е од куќата Хановер (од истоимениот германски град), која со нејзината смрт исчезнува од кралските мапи во Европа и се претопува во Сакс-Кобург Гота. По завршувањето на Првата светска војна, по сугестија на Алберт, британското кралско семејство е преименувано во Куќа на Виндзор (по името на еден кралски дворец), поради силното анти-германско чуство во Британија, како последица на војната.
Еден дел од Сакс-Кобург Гота во 1826-та година го наследи имотот на еден унгарски принц. Потомците на овој дел од династијата успеале да влезат во брак со крунисаните глави на Бразил, Австрија и Белгија. Еден од нив е принцот Фердинанд кој ќе стане цар на Бугарија. Неговите потомци меѓу кои погоре спомнатиот Борис Трети, владеат со Бугарија до 1946 година, а последниот потомок Симеон Втори, кој се нарекува Симеон Саксобурготски беше и бугарски премиер од 2001 до 2005 година. Симеон не стана официјално цар на Бугарија, но затоа успеа да си го поврати целиот царски имот на неговите предци, кој го беа заплениле бугарските комунисти.

Кобурзите ја делеа Македонија

Она што посебно ни паѓа во очи е фактот што често кога се зборува за поделбата на Македонија од 1913 година меѓу Бугарија, Грција и Србија, често се заборава дека со овие земји владееја кралеви, од кои ниту еден, освен српскиот, немаа потекло од народите со кои владееја. Во тоа време, токму тие го имаа главниот збор во политиката и – сите до еден освен српскиот, потекнуваат од Сакс-Кобург Гота. Но, подоцна, и српските Караѓорѓевиќи и Обреновиќи ќе се приклучат.

YUGOSLVIA-PRINCE AELEKSANDAR KARADJORDJEVIC

Српскиот престолонаслкедник се уште се надева дека Србија пка ќе биде кралство

Веќе го споменавме бугарското кралско семејство како директна гранка на Кобурзите. Тука спаѓа и грчкото семејство, односно, условно грчкото. Првиот грчки крал Џорџ (оригинално Вилијам од Данска) потекнува од Куќата Глуксбург (целосно Шлезвиг-Холштајн-Сонденбург-Глуксбург), повторно германска кралска куќа поврзана со куќата Олднебург (данска куќа) и двете во 19 век влегуваат преку бракови во Сакс-Кобург Гота. За време на балканските војни неговиот внук Константин Први владее со Грција, а негов преставник е Венизелос кој преговара во Букурешт за време на мировните разговори кога е поделена Македонија. И двете куќи денес се составен дел на основното европско кралско семејство Кобурзи.
Единствената разлика е кај Србите кои во тоа време се владеени од Петар Први Караѓорѓевиќ директен потомок на славниот водач на првото српското востание против Отоманската империја, Караѓорѓе. Србија е единствена што дотогаш има чисто српско кралско семејство. Но, синот на Петар, Александар Први се жени со Мариа од Романија, која пак директно потекнува од Сакс-Кобург Гота. Нивни кум е британскиот крал Џорџ Шести. Оттогаш и српската кралска фамилија стануваат Кобурзи. Сегашниот српски крал Александар Први Караѓорѓевиќ живее во Лондон и е под директна заштита на Виндзор.
Поголемкот дел од наследниците на овие семејства денеска имаат бизниси и врски со можници ширум светот.

grcki grb kralski

Грбот на грчкото кралско семејство

А, Македонија? Ние бевме најблиску да влеземе во овој свет преку Карпош, односно договот што Македонците го имале со хабсбрушкиот монарх на Австро-Унгарската империја, Леополд Први. Којзнае можеби токму Карпош ќе беше првиот македонски владетел од новото доба доколку успееше востанието. Вака нашиот глас кај овие, по се изгледа се уште големи моќници во Европа, нема кој да го артикулира.

Европа со 9 кралски семејства

Royal Wedding - Pre-Wedding Dinner

Грчкиот крал ужива во луксузот, Грција не го интересира

Сите поврзани еден со друг, денес официјално само уште девет Евроспки држави имаал кралеви или кралици, но ниту едно семејство нема уставна политичка моќ. Сепак некои од нив се покажаа како мошне значајни за нивните народ. Шпаснкиот крал Хуан Карлос одигра значајна улога во ставањето крај на диктатурата на Франко се до 1973 година. Белгиското кралско семејство ужива голема популарност, бидејќи постојано работа на единството меѓу Валонците и Фламанците. Голема популарност имаат и британското и холнадското кралско семејство.

Top