четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

Соња пее за атер на Јохан – песна за Александров (видео)

Johan-Tarculovski-precek-12ЗА АЛЕКСАНДРОВ

Проклета судба македонска, брат на брата кама подигнал, херои наши оцрнати, одродени, откажани.
Балкански војни веќе минаа, поделби тешки не поминаа, Тодор Алексанров храбро замина, параф потпиша за слободата, Тодор Алексанров храбро замина, параф остави за Македонија.
Го убија Александров, го убија за мисла македонска, за автономија на Македонија,
ослободена, обединета, за Македонија на Македонците, ослободени, обединети.
Лаги и клетви, тешки зборови, вистини многу в земја скриени.
Изгреа нова зора на слободата, “стариот” викна од далечината.
Го убија Александров, го убија за мисла македонска, за автономија на Македонија,
ослободена, обединета, за Македонија на Македонците, ослободени, обединети.

Ова се стиховите од песната испејана од Соња Тарчуловска. Таа песната ја испејала за атер на својот сопруг, Јохан Тарчуловски, кому Тодор Александров му е најомилен лик од историјата.

Александров загина на денешен ден пред 89 години… Текстот за Александров прочитајте го на следниот линк.

Top