четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 73 ново
Месечен хороскоп за: јуни 2017

Овен 21.3. - 20.4.

Љубов

Со потенцираното поле на домот и семејството, Овните би можело да направат феноменални работи – да реновираат, евентуално да се преселат, да донесат во семејството нежност, потреба за заедништво, топлина. Вистина е дека Марс во ова поле може да потенцира и на расправи, но оваа енергија сега е релативно лесно да се насочи во нешто многу покорисно, нешто што и на вас и на брачниот партнер ќе донесе задоволство и исполнетост. Оние кои се во долги емотивни  врски може да почнат со сериозно  размислување во правец на заедница, принова, брак, – но во секој случај – би требало да имате многу коректен однос со саканиот(ата) и емотивна и сексуална исполнетост. Не е ниту малку лош овој јуни за вас и гледајте да го искористите до максимум. Доколку сте слбодни, иако ќе има емотивни шанси од самиот почеток на месецот, за вас е многу подобар вториот дел од јуни. Односите започнати во тој дел од месецот ќе се одликуваат не само со голема љубов, туку и со предиспозиција да бидат трајни. На вас не ви се советува овој месец да брзате – пуштете некои познанства и приказни спонтано да се развиваат.

Работа

Овните ќе функционираат доста „скоковито“ во работниот сегмент. Она што ви оди на рака е секако транзитот на Венера низ полето на работа и пари, што донекаде ќе ја засили вашата финансиска ситуација. Исто така, ќе ви одговара и транзитот на Меркур низ Близнаци кој ќе трае до последната недела на јуни, а кој ќе допринесе да бидете подвижни, комуникативни, на време да ги искористите шансите кои ви се нудат. Но, тука ќе има и застои – вашиот владетел во знакот на Рак нема да ја има потребната сила да се избори со некои околности и може да функционирате низ засилени напори, внатрешен притисок и тензија. Добро е што неповолни случувања ќе има неспоредливо помалку отколку во претходните месеци.

Здравје

Подобро ќе функционирате во првиот дел од јуни. И овој месец потенцира на тоа да бидете повеќе во движење, бидејќи тоа неизмерно ќе ви одговара. Вториот дел од јуни може да донесе тешкотии со половината, екстремитетите – посебно на постарите припадници на знакот. Би требало во овој период да бидете внимателни и во сообраќајот.

Top